ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 3. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Со вчерашниот натпревар меѓу Стружанка и Чаир беше комплетирано 3. коло, кое исто така мина без изненадување, фаворитите одработија според планот и запишаа нови бодови на свое конто.

Во изборот за ѕвезда на второто коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Астибо и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 3. коло, резултати:

Шампион – Куманово 9:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Овче Поле СУ 45:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Гевгелија 34:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Деспина 24:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда- Ѓорче Петров 23:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Чаир 17:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Скопје 22:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР25201461
5КУМАНОВО25190657
6СТРУЖАНКА251211237
7ПЕЛИСТЕР 2012241011331
8ДЕСПИНА251011431
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.25441716
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 3. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Анчева - Астибо
60.76%
Ана Марија Коларовска - Ѓорче Петров
32.70%
Марија Јовановска - Куманово
6.54%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО

Марија Јовановска (Куманово) – Младата голманка имаше голем удел во убедливата победа над Шампион од 34:9. Кога требаше ја „спушташе ролетната“ и дуелот со скопскиот тим го заврши со 12 успешни интервенции.

Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров) – Актуелниот шампион на Македонија во дерби дуелот против Металург Автокоманда полесно од очекуваното дојде до победа од 30:23. Коларовска беше предводничка во таборот на „лавиците“, постигна седум погодоци во мрежата на новакот и подели неколку асистенции кон нејзините колешки.

Марија Анчева (Астибо) – Ракометарката која ланската сезона беше лидер на стрелците кај дамите, во оваа сезона продолжува по ланскиот рецепт. Анчева со дури 19 погодоци го предводеше нејзиниот тим до победа над Гевгелија од десет гола разлика, 34:24.