Одличната серија на тимот на Горење Велење, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски беше прекинат.
Горење загуби на домашен терен од составот на Словењ Градец со 30-27, по негативата од седум гола во финишот стигна на минус еден, но не успеа да комплетира пресврт.
Иваноски одново беше меѓу најзабележителните играчи во домашниот состав и успеа да постигне четири гола од седум обиди.
Горење сега има две победи и два порази во четири кола, а следен предизвик за Иваноски и неговиот тим ќе биде гостувањето кај шампионот Целје.
























