Славиќ пред Прилеп: Ако влеземе со 100% во мечот, победата не е доведена во прашање

Ракометарите на Охрид по триумфот кај Бутел Скопје се враќаат на домашен терен и во Супер машката лига ќе го пречекаат тимот на Прилеп.

Едно од новите засилувања за составот на Охрид, голманот Дино Славиќ, вели дека фокусот треба да биде на нивната игра, а не на ривалот.

„Не очекува еден предизвикувачки натпревар, но мислам дека фокусот треба да ни биде на нас самите и нашата игра. Ако влеземе во мечот со 100% мислам дека победата не треба да биде доведена во прашање, ќе ја продолжиме победничката низа и ќе запишеме нови два бода“, изјави Славиќ.

Прилепчани претходно в среда ќе го одиграат заостанатиот натпревар со Тиквеш, а веќе в петок ќе гостуваат во СРЦ „Билјанини Извори“ во мечот што ќе стартува од 20:00 часот.