Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 19. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 19. коло има по една ракометарка од Куманово, Ѓорче Петров и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 19. коло, резултати:
Деспина – Чаир 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Гевгелија 41:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Овче Поле СУ 37:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Скопје 32:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Куманово 37:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Астибо 51:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Шампион 36:22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО
Таида Беровиќ (Металург Автокоманда) – Левиот бек против тимот на Овче Поле СУ го одигра најдобриот натпревар во тековната сезона, беше незадржлива на теренот со 11 погодоци, сите од игра.
Бојана Коцева (Вардар) – Една од ракометарките кои што покажува голем напредок во Женската лига е токму Бојана Коцева, која на дуелот против Астибо шутерски беше расположена со 14 погодоци.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката повторно имаше одлична партија во дресот на „лавиците“ и со осум погодоци, но и неколку асистенции кон своите колешки, го предводеше својот тим до убедлива победа над вицепрвакот.