Саду Н’танзи е нов ракометар на Еурофарм Пелистр. 26-годишниот Французин треба да ја засили конкуренцијата на позицијата среден бек. Тој веќе беше во Македонија на почетокот на септември, како што објави 24Ракомет и тогаш ги договори сите детали околу договорот.
Нтанзи потекнува од школата на Пари Сен Жермен, а во францускиот гигант го направи и првиот голем чекор во сениорската кариера. Беше дел од повеќе трофејни сезони на ПСЖ и настапуваше во Лигата на шампионите.
Во кариерата играше и за Тулуз, Татабања и катарски Ал Араби. Во текот на минатата сезона беше ангажиран и од германски Мелсунген, каде пристигна на позајмица како решение за проблемите со повредени ракометари.
Французинот е висок 183 сантиметри и покрај организирањето на нападот може да понуди брзина, игра „еден на еден“ и дополнителна опасност кон противничкиот гол.























