Тимот на Јувента Михаловце, каде што играат македонските интернационалки Теодора Дукоска и Сара Миновска, обезбеди место во полуфиналето на Купот на Словачка.
Јувента Михаловце немаше проблеми во четвртфиналниот двобој и славеше на гостувањето кај Прешов со 39-27.
Дукоска беше најдобар стрелец на натпреварот и успеа да погоди седум пати во противничката мрежа, а Миновска постигна три гола.
Во полуфиналето на Купот на Словачка, Ангела Јанкуловска и Дунајска Стреда допрва ќе го одиграат четвртфиналниот меч против Захораци.
























