Најдобрата светска ракометарка во моментов, Хени Рајстад, на крајот од актуелната сезона ќе го напушти данскиот гигант Есбјерг, по шест години поминати во клубот и најверојатно ќе се пресели во Франција.
Следната дестинација на Рајстад иако не е официјално потврдена, според многу европски медиуми ќе биде францускиот Брест Бретањ.
27-годишната Норвежанка пристигна во Есбјерг во 2021 година од Кристијансанд и во изминатиот период се наметна како една од клучните фигури на данскиот тим.
Со Есбјерг, Рајстад освои три титули во данскиот шампионат, а дури четири пати по ред стигна до завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.
Норвешката ѕвезда има и исклучително богата репрезентативна кариера. Со националниот тим на Норвешка освои олимписко злато, две светски и три европски титули.
























