ТРИ ЅВЕЗДИ НА 17. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 17. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 17. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 17. коло, резултати:

Вардар – Металург Автокоманда 22-30 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Ѓорче Петров 19-43 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Чаир 30-36 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 17. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Јанкуловска - Металург Автокоманда
46.00%
Теодора Дукоска - Чаир
44.00%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
10.00%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 17. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка успеа да постигне 14 голови против Астибо.

Теодора Дукоска (Чаир) – Левораката стружанка беше најдобра на теренот и најзаслужна за триумфот на Чаир кај Куманово со 12 погодоци.

Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Левиот бек се истакна со осум гола и беше меу најдобрите поединки во победата над Вардар во градскиот двобој.