Раткушиноска, Сејадин и Переска дадоа 24 гола, Стружанка победнички оди на летна пауза

Тимот на Стружанка победнички ја заврши сезоната во прволигашката конкуренција, откако славеше убедливо кај Шампион.

Стружанка победи со 41-15 на гостински терен, а триумфот беше обезбеден уште по првото полувреме кога гостинките водеа со 22-7.

Предводнички во победата на Стружанка беа Маја Раткушиноска со десет гола, како и Еџе Сејадин и Вања Маџоска со по седум погодоци.

Во составот на Шампион се истакна Катја Маркоска со четири погодоци.

На табелата, Стружанка заврши на петтото место со 20 бодови, биланс од 10 победи и 14 порази, додека Шампион е седми без победа и само со едно реми оваа сезона.