ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 16. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 16. коло, кое беше второ коло за вториот дел од тековната сезона, има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Чаир и Пелистер.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 16. коло, резултати:

Скопје – Пелистер 27:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Астибо 27:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Вардар 22:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Спартак 27:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Стружанка 36:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Шампион 32:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 16. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Бојана Диневска - Чаир
49.21%
Моника Босилковска - Пелистер
48.85%
Михаела Кралева - Металург Автокоманда
1.94%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО

Михаела Кралева (Металург Автокоманда) – Младата ракометарка беше една од главните стрелци на новакот во дуелот против актуелниот бранител на титулата Ѓорче Петров. Кадетската репрезентативка зад своето име запиша шест погодоци, сите ги постигна во вториот дел, во кој нејзиниот тим направи пресврт и освои голем бод против актуелниот лидер.

Бојана Диневска (Чаир) – Левото крило продолжува со одличната форма и на натпреварот против Стружанка имаше девет погодоци од десет обиди,  но и седум асистенции, со што беше меѓу најзаслужните за високиот триумф, кој беше изразен со десет гола разлика.

Моника Босилковска (Пелистер) – Ракометарките на Пелистер на гостувањето во Скопје кај истоимената екипа ги освоија бодовите, а предводник на битолскиот тим во победата од 29:27 беше левото крило Босилковска, која во мрежата на домаќинките постигна дури 12 погодоци.