Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер се пофали на социјалните мрежи со новиот клупски автобус.
Автобусот е брендиран во боите на битолскиот тим и со слоганот „само еден тим, само еден град“, а клубот продолжува да инвестира во сите сегменти.
„Нашиот нов играч во тимот“, напишаа од Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.
Новиот модерен автобус ќе служи за превоз на тимот на натпреварите од домашното првенство и од Регионалната лига.
























