Ракометната федерација на Македонија го објави распоредот на турнирот „Трофеј Македонија“ што ќе се одржи од 24 до 26 септември во Охрид.
Македонскиот бисер и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на квалитетен турнир на кој покрај Македонија, ќе настапат Србија, Црна Гора и Хрватска.
Македонија на стартот ќе се соочи со Србија од 18:00 часот, додека на 25 септември од 17:30 часот е дуелот со Црна Гора.
На последниот ден од турнирот избраничките на Игор Марковиќ ќе се сретнат со селекцијата на Хрватска.
🏆 ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА, 24–26.09.2026
📍 СРЦ „Билјанини Извори“, Охрид
📅 24.09.2026 – четврток
16:00 часот, 🇭🇷 Хрватска – Црна Гора 🇲🇪
18:00 часот, 🇲🇰 Македонија – Србија 🇷🇸
📅 25.09.2026 – петок
15:30 часот, 🇭🇷 Хрватска – Србија 🇷🇸
17:30 часот, 🇲🇰 Македонија – Црна Гора 🇲🇪
📅 26.09.2026 – сабота
17:00 часот, 🇷🇸 Србија – Црна Гора 🇲🇪
19:00 часот, 🇲🇰 Македонија – Хрватска 🇭🇷
























