Селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески, објави список на ракометарки за претстојната ЕХФ недела.
Димитријески ќе смета на 25 ракометарки, меѓу кои и три интернационалки што настапуваат во словенечкиот шампионат.
Станува збор за голманката Наталија Симоновска од Севница, Варвара Атанасовска од Крим и Лана Алтанова од Изола.
Останатите ракометарки се од домашното првенство од тимот на Ѓорче Петров, Астибо, Деспина, Чаир, Вардар, Пелистер и Атлетик.
Овој собир е дел од подготовките за настапот во квалификациите за ЕП 2027, каде Македонија за ривали ги има Литванија, Грција и Косово, а натпреварите ќе се играат од 27 до 29 ноември.

























