ТРИ ЅВЕЗДИ НА 15. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 15. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 15. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Чаир и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 15. коло, резултати:
Куманово – Астибо 36:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Ѓорче Петров 22:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Чаир 34:37 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 15. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Ивана Дежиќ - Ѓорче Петров
56.25%
Сара Цветановска - Куманово
31.25%
Стефанија Ѓорѓиевска - Чаир
12.50%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 15. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Искусната ракометарка одигра одлично на гостувањето во Автокоманда и беше една од предводничките во победата на актуелниот шампион.

Сара Цветановска (Куманово) – Даде голем придонес во победата против Астибо, натпреварот го заврши со осум погодоци и неколку асистенции.

Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило повторно имаше одличен настап, овојпат постигна 13 погодоци во дерби дуелот против Вардар.