Тренерот на Талески е нов селектор на Полска

Според пишувањата на „ТВП Спорт“, нов селектор на машката сениорска репрезентација на Полска ќе биде Шпанецот Хота Гонзалес.

Како што е познато, ракометната куќа на Полска, по завршувањето на СП, му врачи отказ на Марцин Лијевски, а неговиот асистент Михал Скорски стана привремено решение.

Во потрагата по квалитетен селектор, одлуката падна на Гонзалес, кој своевремено беше еден од кандидатите за преземање на клупата на Вардар по заминувањето на Раул Гонзалез.

Шпанецот веќе две години ја извршува тренерската функција во Бенфика, клуб во кој настапува Македонецот Филип Талески.

Пред да ја преземе клупата на Бенфика, пет години беше асистент на неговиот сонародник Раул Гонзалез во ПСЖ, а претходно работеше во Ла Риоха.

Полска, во квалификациите за пласман на ЕП 2026, вчера одигра нерешено со Португалија, а претходно ја совлада Романија и ремизираше со Израел.