Грчкиот шампион Олимпијакос што ќе игра на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, се засили со египетски пивот. Станува збор за Мохамед Тарек, кој доаѓа од Замалек, има 24 години и ќе биде големо засилување за тимот од Пиреја.
Иако беше во преговори со Џанфранко Прибетиќ, турскиот шампион Бешикташ, не се договори со него, па го донесе српскиот кружен напаѓач Урош Павловиќ. Србинот претходно настапуваше за францускиот Кретеј.
Младиот романски голман Каталин Хаиду, го потпиша својот прв професионален договор со гигантот Фленсбург. 18-годишниот талент потекнува од Таргу Муреш, минатата сезона ги запиша првите минути во првиот тим.
Португалскиот вицепрвак Порто ги продолжи договорите пивотот Рикардо Брандао и десното крило Антонио Мартинез. Брандао ќе остане во Порто до 2029 година, додека Мартинез ќе остане до идното лето.
Словенечката репрезентативка Наташа Љепоја по три сезони замина од романската Валчеа и ќе се врати на Балканот. Некогашната ракометарка на Загорје и Крим, потпиша договор со хрватскиот шампион Подравка.