Ракометарите на Прилеп во натпревар од 9. коло беа поразени од тимот на Пролет со 22:19.
Прилепчани во текот на целиот натпревар имаа подеми и падови, но кога најмалку требаше потфрлија и дозволија скопскиот тим да ги освои бодовите.
Свој камбек на терените во составот на Прилеп имаше кружниот напаѓач Томче Трајчевски, кој дуелот со скопскиот тим го заврши со два гола, но одигра на ниво во одбраната.
Трајчевски истакнува дека на следните натпревари ќе треба заедно со неговите колеги да се подобрат и да го дадат максимумот за да излезат од кризата.
,,Се држевме до 50 минута, но некои грешки во напад и одбрана во клуни моменти беа пресудни за поразот. Ова беше многу тежок натпревар, моравме да го добиеме за да останеме во игра за плеј-оф, но сепактие наши грешки го одлучија своето. Сметам дека Пролет не направи некое изненадување со тактика, но грешките во последниот период одлучија гостинот да ги освои бодовите. Останува сега да се подобриме, да играме што подобро, да ги корегираме грешките и да го покажеме најдоброто на следните натпревари”, изјави Трајчевски.
Сега следува ЕХФ недела и репрезентативна пауза, па Прилеп ќе им се врати на обврските во Супер лигата на 11/12 ноември.
Кастратовиќ: Го имавме мечот во наши раце, тешко е…но има уште многу да се игра