Кастратовиќ: Го имавме мечот во наши раце, тешко е…но има уште многу да се игра

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 9. коло беа поразени од тимот на Пролет со 22:19. Прилепчани во текот на целиот натпревар имаа подеми и падови, но кога најмалку требаше потфрлија и дозволија скопскиот тим да ги освои бодовите.

Најефикасен на средбата беше средниот бек Владан Кастратовиќ, кој постигна осум погодоци, но беа недоволни за поволен резултат на неговиот тим.

„Не знам што да кажам, тешко е да се најдат вистинските зборови во овој момент. Многу важен натпревар беше за нас, мислам дека загубивме натпревар што го имавме во наши раце. Преголемиот број на промашени зицери, многу технички грешки…се тоа имаше влијание. Добро го отворивме мечот, водевме, се држевме до 50. минута и потоа застанавме. Тешко е, но што е тука е, има уште многу да се игра“, вели Кастратовиќ.

Сега следува ЕХФ недела и репрезентативна пауза, па Прилеп ќе им се врати на обврските во Супер лигата на 11/12 ноември.