Пролет им се врати на победите, славеше во Прилеп

Екипата на Пролет, предводена од новиот тренер Илија Темелковски, во натпревар од 9. коло од суперлигашката конкуренција триумфираше на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа со 22:19 и со трите освоени бода остана во игра за едно од местата кои што водат во плеј-оф фазата.

Пролет сега на табелата во групата Б се израмни со третопласираниот Бутел, двете екипи имаат по 15 бода, но Бутел има и натпревар помалку. Предводник во победата на скопскиот тим беше одличниот голман Данило Михаљевиќ, кој ја спушти „спушти ролетната“ кога најмногу требаше.

Почетокот на средбата започна со голема борба на двете страни, двете екипи одиграа со многу енергија и мотивираност во текот на првиот дел. По нерешените 2:2, домаќините влегоа во ритам, секој напад имаше своја идеја, расположен за игра беше средниот бек Кастратовиќ, па така составот на Мојсов до средината на првиот дел одржуваше резултатска предност од два до три гола разлика.

Пролет иако имаше пад во играта, сепак, на крилата на голманот Михаљевиќ во последниот дел од првото полувреме се врати во игра и ја презеде иницијативата на терен. Иако поголемиот број акции на Пролет беа на индивидуално ниво, гостите од Скопје откако губеа со 9:8, направија серија од 4:0 и стигнаа до 12:9.

Прилепчани седум минути беа без реализација, а кризниот период го прекина Кастратовиќ, кој намали на 12:10. Избраниците на Темелкоски до крајот на полувремето беа поконкретни и на пауза заминаа со резултатска предност од плус два, 13:11.

Домаќинот за неколку минути игра во вториот дел ја анулираше негативата и со погодоците на Бикоски (33 минута) и Трајчевски (34 минута) направи камбек, израмни на 13:13. Гостите мразот во второто полувреме го скршија во 37 минута со голот на Пецаковски од пенал.  По водството на Пролет од 14:13, домашниот тим се врати во игра и во 40 минута израмни на 14:14.

Пролет секогаш наоѓаше пукнатина во одбраната на прилепчани, имаше активен резултат, но на секој постигнал гол, домаќините исто така возвраќаа со иста мера, па така резултатот во 48 минута беше нерешен, 17:17. По неколку нереализирани напади на двете страни, тимот на Темелковски во последните десет минути влезе со плус три, 20:17, а трите гола позитива беа благодарение на одличниот Михаљевиќ, кој во клучните моменти полека ги откажуваше домаќините. До крајот, гостинскиот тим ја задржа стекнатата предност и се радуваше на многу важна победа, со која останува во игра за плеј-оф фазата.

Најефикасен во победничката екипа беше Дејан Пецаковски со седум погодоци, два помалку запиша Ласко Андоновски. Кај Прилеп се истакна Владан Кастратовиќ со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126