Словенечкиот среден бек Андраж Велкаврх, реши на 28 години да му каже збогум на активното играње ракомет.
По три сезони во Нексе, Велкаврх заминува од хрватскиот вицепрвак и ќе се занимава со спортско новинарство.
„Тоа ме интересира долго време, размислував повеќе дали да продолжам со ракомет. Заминувам од Нексе, но ќе го паметам цел живот престојот во Нашице. Сега имам во план да почнам друга приказна во новинарството и да станам коментатор“, вели Велкаврх.
28-годишниот Велкаврх е роден во Копер, каде ги направи првите ракометни чекори, а пред Нексе настапуваше за Изола, Марибор, полскиот Азоти Пулави и данскиот Морс.