Бодо заминува од ПИК Сегед по десет години!

Левиот бек Рихард Бодо ќе го напушти ПИК Сегед по завршувањето на актуелната сезона, со што ќе стави крај на една долга и успешна ера во унгарскиот клуб.

Во дресот на ПИК Сегед, Бодо остави длабока трага – освои три шампионски титули во Унгарија (2018, 2021, 2022) и два трофеи во Купот (2019 и 2025), а неговиот голгетерски учинок е импресивен.

Левиот бек зад себе остава дури 1399 голови за тимот, што го прави еден од најзначајните играчи во поновата историја на клубот, а бројките ќе бидат сигурно уште поголеми по крајот на оваа сезона.

Заминувањето на Бодо доаѓа во период на големи промени во ПИК Сегед, кој ќе се раздели со неколку клучни играчи.

Останува да се види каде искусниот ракометар ќе ја продолжи кариерата и дали ќе избере нов предизвик во странство или ќе остане во домашното првенство. На негово место во Сегед доаѓа левиот бек од Вардар, Дмитро Горига.