Тимот на Алпла Хард, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Манасков, обезбеди место во финалето на Купот на Австрија.
Алпла Хард славеше во полуфиналната пресметка против составот на Тирол со 32-27, а на полувремето водеше со 16-14.
Во второто полуфинале, Холабрун на Влатко Митков и Филип Арсеновски, загуби од Кремс со 33-18.
Во големото финале, Алпла Хард и Манасков утре од 20:25 часот ќе играат против Кремс, a претходно во женското финале Хипо ќе игра против Ацгерсдорф.

























