Поранешна вардарка седнува на клупата на грчки тим!

Поранешната голманка Нигина Саидова ќе биде нов тренер на грчкиот клуб Артас. Таа на 46 години ја заврши играчката кариера во овој клуб, а сега ќе почне тренерска кариера на истото место.

Саидова започна со играчата кариера во Кубан, а потоа настапуваше и за Лада Тољати. Во 2003 година се пресели во Грција, каде што го носеше дресот на Артас, а подоцна во кариерата настапуваше и за Будуќност, Звезда Звенигород, Вардар и Јонија.

Во богатата кариера има голем број значајни успеси. Со Звезда триумфираше во Лигата на шампионите, додека со Лада го освои Купот на победниците на куповите. Беше меѓу првите интернационалки што дојдоа во Вардар, кога овој клуб фаќаше залет на европската сцена.

Саидова беше дел и од репрезентацијата на Русија на три Европски првенства, а беше прогласена за најдобра голманка во Ол Стар тимот на младинското СП во 1993 година.