Тажна вест – почина Александар Јовиќ!

Тажна вест го потресе македонскиот ракомет – ноќеска ненадејно почина некогашниот репрезентативец и тренер на Пролет, Александар Јовиќ.

Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина, а во богатата кариера ги носеше дресовите на пет шампиони на Македонија.

Во 1994/95 настапуваше за велешки Борец, а во 1997/98 беше дел од составот на Јафа Промет од Ресен. Ги носеше дресовите на босанската Слобода Тузла, италијанската Болоња, хрватските Сплит и Загреб, а играше и за Вардар, Пелистер и Металург каде ја заврши играчката кариера.

Тренерската ја почна во Автокоманда, ги водеше Металург 2 и првиот тим, а потоа работеше во Битола во Еурофарм Пелистер 2 и во првиот тим, каде имаше голем успех и ја врати титулата по 18 години, пред да го преземе Пролет.

Беше дел од славната генерација македонски репрезентативци кои играа на СП 2009 и ЕП 2012.