Францускиот шампион ПСЖ по промоцијата на новиот стратег Роберто Гарсија Парондо за од летото 2027 година, се пофали со уште едно ново име.
Од 2027 година член на „светците“ ќе биде и еден од најдобрите германски репрезентативци, Ренарс Усчинс.
Десниот бек ќе ја одработи последната година од договорот со Хановер, а потоа ќе се пресели во Париз каде ќе формира дуо со Јахја Омар.
Тоа значи дека договорот на Хрватот Матео Мараш нема да биде продолжен и некогашниот десен бек на Еурофарм Пелистер ќе си бара нова средина.
Усчинс потекнува од Магдебург, играше на позајмица и во Бергишер, а од 2022 година е член на Хановер.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























