Тоа што го најави 24Ракомет денеска доби своја официјализација – поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски повторно седнува на тренерската клупа во Битола. Тој е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2, со што „двојката“ треба да биде повторно екипа од каде ќе доаѓаат идните „првотимци“, а добива и функција тим-менаџер.
Откако лани „за влакно“ тимот не стигна до плеј-офот, сега влегува во мисија да биде место каде ќе се „челичат“ идните првотимци и репрезентативци. Целта ќе биде да се соберат најперспективните играчи да созреат и потоа де тропаат на вратат на првиот тим.
Ангеловски добро ја познава средината во Битола. Во 2023 година се врати во клубот како спортски директор на Еурофарм Пелистер, откако претходно работеше во романска Констанца и како тренер на Мулти Есенс. Подоцна доби и тренерска улога во првиот тим на битолчани, најпрво како привремено решение, а од јануари 2024 година и како перманентен тренер до крајот на сезоната.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
Во таа сезона Еурофарм Пелистер ја одбрани шампионската титула во Македонија, а Ангеловски ја освои првата тренерска титула во домашниот ракомет. Тој го водеше тимот и во Лигата на шампионите, каде битолчани имаа тешка група, но и натпревари што беа значајни за враќањето на клубот на највисокото европско ниво. Тој е тренер што го освои првиот бод за битолчани во ЛШ, против Спортинг.
Со неговото враќање во Битола, Еурофарм Пелистер 2 добива тренер со силно играчко и тренерско искуство, но и човек кој веќе ја познава клупската филозофија. За младите ракометари тоа би значело работа со стратег што минал низ големи клубови, репрезентација, Лига на шампиони и домашни титули. Битолчани во новата сезона ќе се обидат да го стабилизираат вториот тим и да му дадат поголема развојна функција, а Ангеловски може да биде централна фигура во тој процес. Тој доаѓа на местото на Александар Зарков, кој минатата сезона го водеше клубот.
Бранислав Ангеловски се враќа во Битола и седнува на тренерска клупа
























