Татран Прешов побара вајлд-карта за Лигата на шампионите!

Словачкиот шампион Татран Прешов посакува да се врати во европската елита, во која последен пат играше во сезона 2019/20. Клубот официјално ги информираше своите фанови дека е побарана вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите.

Иако сѐ уште не се знае колку екипи ќе аплицираат за вајлд-карта во најквалитетното европско натпреварување, сепак, тешко е дека Татран Прешов би можел да се најде меѓу 16 екипи што ќе бидат дел од сезоната 2024/25, бидејќи конкуренцијата, како и секоја сезона, е огромна.

Директно место во ЛШ имаат Барселона, Спортинг Лисабон, Магдебург, Фуксе Берлин, како и шампионите на Полска, Франција, Данска, Унгарија и Норвешка, односно Висла Плоцк, Алборг, ПСЖ, Веспрем и Колстад.

Бидејќи Белорусија сѐ уште е исклучена од европските натпреварувања, па местото на Мешков Брест оди во вајлд-карти и ЕХФ ќе има за доделување уште седум специјални покани.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, исто така, ќе бара вајлд-карта, како и Кадетен Шафхаузен, Динамо Букурешт, Келце, ПИК Сегед, Нант, Порто, Загреб….

Европската ракометна федерација (ЕХФ ) на 21 јуни ќе објави кои екипи ќе добијат вајлд-карта, а ждрепката за новата натпреварувачка сезона ќе се одржи на 27 јуни.