Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Европскиот Куп.
Екипата на Олимпијакос која ја предводи Жељко Бабиќ и која беше втора на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, ќе игра против словенечката Крка.
Уште еден учесник на летниот охридски турнир, Татран Прешов, стигна до ТОП 8 со елиминацијата на Хафнарфјордур од Исланд, а во четвртфиналето ќе се соочи со еден од фаворитите за трофеј, унгарскиот Ференцварош.
Романската Стеауа ќе игра против исландскиот Валур, додека вториот романски претставник, Баја Маре оди на мегдан на австрискиот Брегенц.
Четвртфиналните натпревари се играат на 23/24 март, додека реваншите се на програмата на 30/31 март.