По Кристијан Дисингер, Саду Н’танзи, Игнасио Плаза Хименез, Патрик Лемос…тимот на Татабања промовираше уште едно засилување.
Станува збор за левото крило од францускиот Нант, Баптист Даматрен, кој ќе го има првиот интернационален предизвик.
24-годишното лево крило беше во сенка на Валеро Ривера, кој е главен на таа позиција во Нант и немаше многу простор за игра.
Третопласираниот тим во унгарскиот шампионат ќе има уште поголеми амбиции и на европска сцена од следната сезона, а тренер ќе биде довчерашниот ракометар Кристијан Угалде.