Тасевска меѓу најдобрите во убедливата победа на Слобозиа

Македонската интернационалка Марија Тасевска продолжува со одличните настапи во Романија.

Повремената репрезентативка на Македонија заедно со Слобозиа славеа убедлива победа против Пиатра во тамошната второлигашка конкуренција.

Слобозиа триумфираше со 42:19, а Таевска беше меѓу најдобрите на теренот, имаше шест погодоци од седум обиди.

Во овој тим настапува уште една репрезентативка на Македонија – Ивана Арсениевска, младата ракометарка натпреварот го заврши со три асистенции.