Тимот на Ал Калиџ од Саудиска Арабија е вториот финалист на Азиското клупско првенство, откако славеше против Кувајт Спорт Клуб со 29-24.
Составот за кој играат Дмитро Горига и Кристијан Пилиповиќ беше подобар од тимот каде што игра македонскиот капитен Филип Кузмановски.
Левиот бек од Македонија даде еден гол од четири обиди, исто колку и Горига, а Пилиповиќ беше МВП на мечот и имаше 12 одбрани.
Утре се на програмата натпреварите за третото место меѓу Кувајт Спорт Клуб и Ал Духаил, како и финалето меѓу Бурган и Ал Калиџ.

























