Мешков Брест ја освои СЕХА лигата!

Белорускиот шампион Мешков Брест е новиот освојувач на СЕХА лигата, откако во големото финале го совлада рускиот Зенит со 24-22.

Мешков Брест до трофејот стигна по голем пресврт. По првото полувреме Зенит имаше предност од 13-10, но белорускиот тим одигра одлично во продолжението и успеа да стигне до победата и третата титула во историјата на регионалното натпреварување.

Најефикасен во победничкиот тим беше Потиск со седум гола, додека Матијашевиќ постигна пет. Кај Зенит, по пет пати мрежата ја погодија Астрашапкин и Виноградов.

Белорускиот првак му го посвети трофејот на неодамна починатиот тренер Едуард Кокшаров, кој го водеше клубот

Во натпреварот за третото место, белорускиот тим СКА Минск по продолженија го совлада рускиот Виктор со 40-36.

Рускиот тим имаше убедлива предност од 20-10 на полувремето, но СКА Минск направи неверојатен пресврт, израмни во регуларниот дел, а потоа беше подобар и во продолженијата за освојување на третото место.