Некогашниот голман на Металург, Дарко Арсиќ, по здравствените проблеми што ги имаше минатата сезона, реши да ја заврши кариерата.
Арсиќ, кој во сезоната 2016/17 беше дел од тимот од Автокоманда, на 37 години реши да прекине со активното играње и да почне тренерска кариера.
Српскиот чувар на мрежата која се врати во Металопластика по настапите во францускиот Трембле и израелскиот Рамат Хашарон, ќе биде тренер на голманите во тимот од Шабац.
Металопластика почнува нова ера и го подмладува тимот откако минатата сезона не успеа да обезбеди место во плеј-офот на српскиот шампионат.


























