Шведскиот претставник ГУИФ Ескилстуна ја освои бронзата на турнирот во Струга откако го совлада грчки ПАОК со 28-27(15-12). Во натпреварот за третото место на 52. издание на меѓународниот ракометен турнир, двете екипи покажаа интересен и изедначен ракомет. Иако се штедеа силите публиката на спортското игралиште „Горан Поповски-Бабец“ можеше да ужива во модерен ракомет.
Средниот бек на ПАОК, Цитаридас го отвори резултатот, а шведскиот претставник беше екипата која имаше иницијатива и минимална предност во првото полувреме. Дури 15 минути му беа потребни на грчкиот претставник да ја врати почетната и минимална предност, но успеаа да ја одржат до 22 минута.
Со головите на Ларсон и Миринди, шведскиот состав предводен од искусниот Црногорец Зоран Рогановиќ ја врати минималната предност во свој посед. До крајот на првиот дел, Ескилстуна искористи грешка во нападот на ПАОК и со брз гол на Бакиќ од надворешната линија ги постави првите два гола предност на овој дуел (13-11). Техничките грешки за грчкиот состав продолжија па Ларсон од своја половина половина постигна гол за највисока предност на ГУИФ од 14-11. Разлика која шведскиот состав успеа да ја задржи до самиот крај на првото полувреме за конечни 15-12.
Второто полувреме започна ефикасно за двете страни, по четири минути игра гол-разликата остана непроменета, а на семафорот испишан беше резултатот 18-15. Во наредните две ПАОК искористи неколку грешки на скандинавците и ги врати возбудувањата на овој дуел. На 20 минути до крај на натпреварот, резултатот повторно беше изедначен овојпат на 19-19. Во неизвесна завршница ПАОК повторно ја врати резултатската нишалка во своја полза, а во 45 минута за прв пат преку прецизниот удар од пенал линијата на Григорис, ПАОК за прв пат имаше „плус два“. На Швеѓаните им беа потребни 90 секунди да израмнат и донесат нови возбудувања на теренот покрај Охридското езеро.
Во наредните пет минути се пресликаа случувањата од претходните пет. ПАОК во 52 минута повторно имаше највисоки „плус два“ (26-24), а во 53 Гуиф повторно ремизираше. Последните пет минути понудија драма на двете страни, Гуиф го промаши својот напад, а потоа голманот Мортимер го скроти нападот на ПАОК.
На спротивната стана шведските ракометари се израдуваа на пенал удар, но Пападоглу го одбрани па резултатот остана издначен и во последните две минути од натпреварот. Последните дведесет секунди од натпреварот започнаа со прецизен пенал удар на Хамиш за нова минимална предност на Ескилстуна. Дарко Георгиевски не успеа да го реализира за ПАОК, а следуваше казна на спортивната страна од Манди за 28-26 на дваесет секунди до крај. ПАОК ја намали предноста на Ескилстуна но не успеа до крај, затоа шведскиот тим славеше победа од 28-27.
Најпрецизни на дуелот беа Ларсон со 9 кај Ескилстуна, а Григрис од ПАОК постигна 6.