Годинава на 53. издание на Меѓународниот турнир „Струга 2025“ за првпат сите натпревари ќе одат во живо со КОМЕНТАР, и тоа ексклузивно на You Tube каналот на 24Ракомет. Слично како и лани, нашата редакција ќе ви ги пренесе сите најдобри моменти од турниот, заедно со нашите гости пред и после секој натпревар.
Термините за натпреварите се 18:30 и 20:40 часот, а на финалниот ден натпреварот за петто место ќе започне од 10:30 часот. Преносите на You Tube каналот на 24Ракомет ќе почнуваат 30 минути пред почетокот на натпреварот.
Исто така секој натпревар ќе моете да го следите со коментар на македонски јазик. Изјавите од секој меч ќе можете да ги најдете на 24Ракомет.
Претплатете се уште сега на каналот на 24Ракомет и добивајте ги сите информации околу преносите навреме. Секојдневно ќе ве известуваме за сите случувања, и ќе можете да погледнете различен видео материјал посветен на турнирот.
❗❗ Дознајте ги сите новости поврзани со 53. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…
Предвидено е пред почетокот на секој натпревар да има разговори со тренерите на двата тима и со капитените, кои ќе ги споделат нивните очекувања. Веднаш по натпреварите ќе има изјави во живо и од најдобрите поединци од двата натпревари.
Покрај домаќинот Струга, годинаваа на турнирот ќе играат и екипите на Охрид, Бутел Скопје, Тиквеш, Бурса и Раднички Крагуевац.