Стојановиќ со скратен список – се враќаат Шулески и Димковски, деби повик за Ѓорѓиевски

Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го скрати списокот за претстојната ЕХФ недела.

Стојановиќ ќе смета на 20 ракометари, а нема четворица од стандардните кои се со сениорската репрезентација – голманот Иван Галевски, десното крило Александар Петковски, левиот бек Дамјан Митев и пивотот Валентин Карасманакис.

Повратници се Томислав Димковски и Славчо Шулески, деби повик има за десниот бек Лука Ѓорѓиевски. Нова шанса за докажување ќе имаат Борјан Дамјаноски, Марко Трајков, Давид Трајкоски, Андреј Глигоров, Петар Стојаноски…

На 8 мај, националниот тим ќе одигра пријателски натпревар против Бутел Скопје, додека на 9 мај ќе има дуел со Вардар или Пролет.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Полска, каде Македонија ќе се соочи со Исланд, Фарски Острови и Романија. Мундијалот се игра од 18 до 29 јуни.