Тимот на Тримо Требње предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ запиша нова победа во словенечкиот шампионат.
Тримо славеше на тешкото гостување кај Крка во Ново Место со 30-26, откако на полувремето го најави триумфот со водството од шест гола, 18-12.
Ова беше десетта победа по ред во словенечкото првенство, а следен предизвик за Стојановиќ и неговиот тим ќе биде дербито на домашен терен против Целје.
Лидер на табелата останува Целје со 34 бода, втор е Слован Љубљана со 33, додека Тримо е трет со 32, но во следното коло тимот на Стојановиќ ќе има шанса да се израмни со лидерот.