Стојановиќ: Пресуди нашата поголема желба за победа

Ракометарите на Тиквеш ја остварија можеби најголемата победа во клупската историја и го совладаа Вардар со 22-20 во Кавадарци.

Тренерот на Тиквеш, Раде Стојановиќ, за 24Ракомет  ги истакна првите импресии по добиената битка против „црвено-црните“ .

,,Овој натпревар беше тврд и тежок, без многу голови, игравме добра одбрана, исто така и гостите имаа добра одбрана, можеби не толку добар натпревар за гледање како оној со Алкалоид, но денес пресуди нашата голема желба за победа и поголемата борбеност во вториот дел. Јас можам да им се заблагодарам на момците што почнаа да верувааат дека оваа екипа има квалитет, секој натпревар ќе биде тежок, гледаме дека овој плеј-оф ќе биде неизвесен, ќе одлучуваат нијанси до крајот, одлучуваа против Алкалоид, одлучуваа и денес. Ние на секој натпревар ќе одиме на победа, доколку добиеме бодови на гостински натпревари, мислам дека ќе бидеме меѓу првите четири екипи”, изјави Стојановиќ.

Следен предизвик за тимот на Стојановиќ ќе биде гостувањето кај Бутел Скопје следниот викенд.

Гемаљевиќ и Велков едногласни: Срцето ни е полно, победивме големо име!

Тиквеш со сензација: Вардар во Кавадарци испаѓа од трка за титулата?!