Тиквеш со сензација: Вардар во Кавадарци испаѓа од трка за титулата?!

Дерби натпреварот од 3. коло од суперлигашкиот плеј-оф меѓу екипите не Тиквеш и Вардар донесе многу возбудувања, но на крај на три важни бода се радуваа кавадарчани, откако против поранешниот шампион на Македонија триумфираа со 22:20.

Мотивираните домаќини тргнаа фуриозно, имаа 3:1 на стартот, но тимот предводен од Владо Недановски направи одлична серија од 4:0 и во 10 минута дојде до позитива од плус два, 5:3. Двете екипи играа цврсто во одбраната и јасно беше дека „црвено-црните“ ќе имаат тежок предизвик.

По предноста на Вардар од 6:4, избраниците на Раде Стојановиќ најпрво израмнија на 6:6, потоа во 22 минута го презедоа водството поведоа со 8:7. Во последните осум минути се играше гол за гол, домаќините водеа, гостите израмнуваа и по 30 минута игра резултатот беше 11:10 во корист за тимот на Стојановиќ.

Борбеното прво полувреме даде до знаење дека победникот ќе се одлучува во финишот од натпреварот. Гостинскиот тим на стартот на второто полувреме ја презеде контролата, се сменија улогите од првото полувреме и гостинот беше тој кој победуваше, додека домаќините израмнуваа.

Вардар при предност од 15:14 не успеа во два напади да дојде до реализација, казната стигна од домашниот табор, кој во 45 минута израмни на 15:15, две минути подоцна Мајиќ со два брзи гола зголеми на 17:15 за голема радост на домашните навивачи.

Кавадарчани во последните десет минути влегоа со предност од 19:17 и до крајот успеа да со сочува водството за освојување на три важни бода во разигрувањето за титулата.

Најефикасен во победничката екипа беше Аби Обина со седум погодоци, четири додаде Евгениј Темелкоски. Кај Вардар по пет погодоци постигнаа Марко Срдановиќ и Дарко Ѓукиќ.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120