Екипата на Тримо Требње, која е предводена од селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, ја запиша втората победа во словенечкиот шампионат.
Тримо Требње во рамки од 4. коло од најквалитетното натпреварување во Словенија за ривал го имаше тамошниот шампион Горење Велење и успеа да триумфира со пет гола разлика, 28:23 (15:10).
За тимот на Стојановиќ овие два бода беа неопходни, со цел да се излези од резултатската криза по двата минимални порази, од Слован (30:29) и Градец (28:27).
Следен предизвик за Стојановиќ и неговите избраници ќе биде гостувањето кај незгодниот Кршко, кој на три одиграни натпревари оствари една победа.