Стефан Кочаров ново име во Радовиш

Екипата на Радовиш, која во изминатиот викенд ја запиша првата победа во суперлигашката конкуренција, доби ново засилувања.

Нов член е довчерашниот интернационалец Стефан Кочаров, кој последниот клупски ангажман го имаше во косовската Вјоса.

Кочаров во Македонија беше дел од неколку суперлигаши и прволигаши, го носеше дресот на Работнички, Шампион, Вардар Неготино, Пролет и Борец ФЛ.

Радовиш претходно се засили со искусните Ивица Илиев и Славјан Паунов, како и со помладите Томче Трајчевски и Петар Цветковски.

Во клубот би требало да пристигнат и најавените странски засилувања, па така повратникот во Супер лигата ќе се обиде да го сочува суперлигашкито статус за наредната сезона.