Ѓорче Петров има нов десен бек – доаѓа Србинка со искуство од Франција, Романија, Италија…

Македонскиот шампион Ѓорче Петров активно се подготвува за наредната сезона и полека го склопува играчкиот ростер со кој ќе настапува на четири фронтови.

Најново засилување е десниот бек Катарина Шубериќ – искусна 30-годишна Србинка, која има хрватски пасош.

Шубериќ потекнува од српскиот тим Младост, по една сезона од 2021 до 2023 година играше во францускиот Ле Авр и РОК 87, а потоа две сезони беше дел од романскиот тим Четате Дева.

Минатата сезона ја помина во италијанскиот тим Нуоро, а Македонија ќе биде четвртата земја надвор од Србија во која ќе настапува.

Со Ѓорче Петров ќе биде дел од Супер женската лига и Купот на Македонија, а на меѓународна сцена, „лавиците“ ќе бидат дел од регионалната лига и од Лигата на Европа.

Претходно Ѓорче Петров ги договори Ана Марија Коларовска, триото Црногорки – Аника Јовановиќ, Анѓела Губериниќ и Нина Вуксановиќ, а доаѓа и Кристина Наумовска од вториот тим. Соработките беа продолжение со Емилијана Ризоска, Ива Велкова, Анастасија Трпеска, Ана Вранчиќ…