Суспензијата која му се закануваше на Ракометниот Сојуз на Босна и Херцеговина, сепак е избегната во последен час.
Рокот што Европската ракометна федерација им го даде на Босанците до 1 декември да му го исплатат долгот на поранешниот селектор Ивица Обрван беше испочитуван.
Некогашниот селектор на Македонија за време на ЕП 2024 каде ја водеше женската репрезентација на Хрватска, доби скоро 139.000 евра!
Според босанскиот „Спорт 1“, парите беа уплатени од страна на Фудбалскиот Сојуз на БиХ, а гаранција за позајмицата е Владата.
Тоа значи дека резултатите на машката репрезентација против Грција и Исланд од квалификациите за ЕП 2026, нема да бидат регистрирани со 10-0 службени резултати, резултатите на клубовите во европските купови ќе останат важечки, а судиите и делегатите од БиХ ќе можат да ја обавуваат својата должност на меѓународните натпревари на кои ќе бидат делегирани.