Репрезентацијата на Италија направи изненадување на стартот на Светското првенство 2025, триумфираше против Тунис со 32:25 и си го отвори патот за пласман во главната фаза на Мундијалот.
Италија во првиот дел на крилата на Лео Прантер (8/8 во првото полувреме) храбро се бореше против Тунис, откако во првите петнаесетина минути се играше гол за гол, избраниците на Рикардо Трилин беа тие кои што ја диктираа играта во последниот период од првиот дел, најпрво водеа со еден-два разлика, потоа дојдоа до поизразена предност.
Африканската селекција дозволи „азурите“ во 24 минута да дојдат до плус четири, 13:9. Овие четири гола разлика за Италија беа знак дека Тунис ќе мора да се консолидира, но и сериозно да ја сфати работата. Ракометарите на Италија во 25 минута дојдоа до 14:9, а двете репрезентации до крајот на полувремето реализираа по двапати, па така по 30 минути игра беше 17:11.
Второто полувреме започна со гол на Италија, која се одлепи на 18:11, но репрезентацијата на Тунис никако не можеше да ја преполови негативата, па така во 37 минута предноста на избраниците на Трилин беше 21:15. Еден од најзаслужните за предноста на Италија беше голманот Доминико Ебнер, кој до 48 минута имаше 12 интервенции. До финишот Италија одигра на уште повисоко ниво и ја прослави втората победа на Мундијалите.
Тунис во 2. коло од групната фаза ќе се соочи со Данска, додека Италија втората победа на СП ќе ја брка против Алжир.