Соле не мрда од ПСЖ

Десното крило Феран Соле не размислува за промена на клупската средина и во иднина ќе продолжи да го носи дресот на ПСЖ.

Раководството на ,,светците” и искусниот репрезентативец на Шпанија се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до летото, 2027 година.

Соле од сезона 2019/20 настапува за францускиот клуб, а во ПСЖ пристигна од редовите на Тулуз.

Шпанецот откако имаше забележителни настапи за својата репрезентација, како и за Грањолерс, започна да гради интернационална кариера во Франција.

ПСЖ за следната сезона се поднови со неколку ракометари, на лето во тимот на Раул Гонзалез ќе пристигнат Матео Мараш, Емил Мелегард, Себастијан Карлсон, Карл Конан…