Treino.

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим со кој би можел да биде поконкурентен за шампионската титула.

Според информациите на „Handball Basse“ голема желба на раководството на Партизан е младиот голман Никола Зориќ.

19-годишниот голман во последните две сезони настапува во Бенфика, а во португалскиот клуб пристига од Металопластика Шабац.

Доколку Партизан посакува да го донесе Зориќ, тогаш на Португалците ќе мора да им плати голема оштета.

Тимот предводен од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ, во оваа сезона успеа да го освои Куп трофејот во Србија, а за следната сезона планира двојна круна.

За Партизан во следната сезона ќе настапува некогашниот член на Метаург и Еурофарм Пелистер, Бојан Маџовски.

Нов предизвик за Македонецот: Бојан Маџовски се сели во Партизан