„Македонската“ Аполда со победнички старт во Германија – Гошевски броеше до 11

Тимот на Аполда, каде што тренер е Игор Тоскоски, имаше победнички старт на новата сезона во Регионалната лига на Германија.

По триумфот над БСВ Магдебург со 33-32, Аполда славеше и во втората рунда против Фрејберг со 38-32.

Во Аполда на Тоскоски играат голманот Александар Стојаноски, пивотот Пеце Ѓорѓиески, левиот бек Христијан Милошески и десниот бек Дејан Гошевски.

На средбата со Фрејберг, Гошевски даде 11 гола и беше најдобар на теренот, Милошески стрелаше седум пати, а Ѓорѓиески погоди еднаш во противничката мрежа.

Во следното коло Аполда гостува кај Елбфлоренц.