Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за настап на Европското првенство во Словенија.
Стојановиќ на списокот има 21 ракометар, меѓу кои го нема еден од најдобрите стрелци на репрезентацијата, Александар Петковски.
Десното крило имаше повреда на рамото, ја пропушти скоро цела сезона, не настапи на натпреварите од претходните две ЕХФ недели и предолго траеше неговото опоравување.
На десната крилна позиција во конкуренција ќе бидат Ненад Белистојаноски, Стефан Атанасов и Јован Даневски. Што се однесува до другите позиции немаа никакви изненадувања, и тоа се главно ракометари кои и досега беа дел од националниот тим.
Ривали на Македонија ќе бидат селекциите на Хрватска, Австрија и Црна Гора во групната фаза на ЕП кое стартува на 10 јули и ќе трае до 21 јули.