Ракометарите на Кил во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн беа убедливо поразени од Барселона, загубија со 12 гола разлика, 30:18.
Иако се очекуваше составот на Филип Јиха да даде силен отпор, сепак, целосно потфрли во вториот дел и дозволи ривалот да постигнува лесни погодоци.
Средниот бек на Кил, Елиас Елефсен а Скипаготу, го анализираше поразот од каталонскиот гигант.
,,Боли поразот, но навистина не заслуживме да победиме. Промашивме премногу зицери од самиот почеток. Емил Нилсен беше фантастичен на голот, дефинитивно ова не го очекувавме. Но, Барса има силен став, најдобар голман, најдобра одбрана…И додека во одреден момент се надевавме дека имаме некоја шанса, тие уште во раната фаза од натпреварот се одлепија и потоа беше тешко да се брка негативата, изјави репрезентативецот на Фарски Острови.
Кил во натпреварот за трето место ќе игра против Магдебург, кој во првото полуфинале загуби од Алборг.