, Sweden vs Portugal, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 21.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Швеѓаните им испорачаа 40-ка на Португалците, па се доближија на чекор до полуфиналето!

Во нетпреварот кој беше екстремно важен и за двете репрезентации,  Шведска рутински  успеа да ја совлада Португалија  со резултат 40:33 ,и се приближи на чекор до пласман во полуфиналето.

Шведска-Португалија 40:33  (19:15)

Уште во воведните пет минути од натпреварот Швеѓаните преку расположениот Пелас кој постигна три погодоци имаа позитива од 2:0, 3:1, и 5:3. Во продолжение португалците започнаа да играат поразноврсно и најчесто преку расположениот Франциско Коста го наоѓаа патот до шведскиот гол. Добрата игра португалците ја крунисаа со прво водство од 7:8 и 8:9 на средината на првиот дел. Сепак Швеѓаните го засилија ритамот, почнаа да ја казнуваат секоја грешка на противникот, па во последните осум минути на првото полувреме го скршија отпорот на Португалија. При водство на Португалците од 13:14 во 23.минута, Шведска до крајот на првиот дел постигна шест а прими само еден гол, што беше доволно на пауза да замине со солидна разлика од 19:15.

, Sweden vs Portugal, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 21.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Португалија добро го отвори вториот дел и со два брзи гола на Мартим Коста, Силва и Фраде успеа да ја преполови разликата 21:19. Следуваше жесток одговор од скандинавците кои со серија од 5-0, стигнаа до своето највисоко водство 26:19 во 40.минута. Фраде со гол од линијата од шест метри ја прекина црната серија на својата репрезентација,но швеѓаните не попуштаа во темпото и сигурно ја одржуваа високата предност. Во тие моменти Феликс Клар беше ракометарот кој се поигруваше со португалската одбрана, а сигурен на голот беше и Александер Тулин кој успешно го замени искусниот Паличка на голот. Симултанката на Мартим Коста на беше доволна да ги смени работите на теренот, бидејќи швеѓаните беа супериорни офанзивно, не дозволувајќи му на противникот да се надева на пресврт. На крајот скандинавците славеа со  резултат  40:33 ,триумф со кој стигнаа на чекор до пласман во полуфиналето.

Најпрецизен во Шведскиот состав беше Лукас Пелас со десет голови, а Клар постигна шест. Мартим Коста одигра одлично второ полувреме за Португалија, постигнувајќи осум гола.